Новости

Кино

Недела на детски филмови во седум градови низ Македонија

Од утре (25 октомври) до крајот на овој месец во седум градови низ Македонија ќе бидат прикажани четири филмови за деца во рамките на проектот „Недела на детски филмови“ организиран од Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола. Филмовите се наменети за деца од 4 до 14 години. Дел се синхронизирани на македонски и на албански јазик, а дел се со превод на македонски јазик. Во соработка со дистрибутерските куќи „Узенгија“ и „Катавеј“ избрани се четири филмови од поновата европска продукција:

– „Малиот гангстер“ (Холандија) во режија на Арне Тонен (2016, синхронизиран на македонски и албански јазик)

– „Детето фантом“(Франција, Белгија) во режија на Жан-Луп Феличиоли и Алан Гањол (2015, синхронизиран на македонски и албански јазик)

– „Спасете го Рафи“(Германија) во режија на Аренд Агте (2015, со превод на македонски и албански јазик)

– „Авантурата на Нели“(Германија) во режија на Доминик Весели (2016, со превод на македонски јазик)

 Во рамките на проектот ќе се одржи и филмска работилница. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

GOLD
SN Finansii
To Top