Новости

Кино

Од петок „Ах љубов моја“ во кино „Мис Стон“ во Прилеп

Од петок 12 мај па до 18 мај од 20.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот„Ах, љубов моја“ по сценарио и во режија на Коле Ангеловски, директор на фотографија – Роберт Јанкулоски.

„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај

Од сабота 13 мај па во наредните денови од 18.00 часот во киното ќе се прикажува филмот „Маша и Медо“ синхронизиран на македонски јазик. Станува збор за интересна приказна за Маша три-годишно енергично, пријателско и итро девојче кое живее во шумата и секогаш запаѓа во неволји. Нејзиниот добар пријател Медвед, кој ја штити, често запаѓа во неволја покрај Маша. Но и покрај тоа, тие двајцата заедно со другите животни во шумата ја забавуваат публиката, но и ја учат на креативноста, лојалност и вистинско пријателство.

СН Финансии
To Top