Новости

Кино

Осмомартовска проекција на „The factory match girl“ на Дебатно Кино Контра Кадар

Дебатното Кино Контра Кадар организира проекција на филмот „The factory match girl“ по повод 8-ми март.

Филмот е на Аки Каурисмаки, типичен на неговата естетска и емоционална филмска линија.

Осамена млада девојка која го издржува своето конзервативно семејство, работејќи во фабрика за производство на ќибрити, забременува после едновечерен состанок. Штом дознава дека е бремена, му пишува писмо на таткото, кој претходно јасно и ладнокрвно ѝ дава до знаење дека не сака ништо со неа и дека ѝ е тотално одбивна нејзината наклонетост. На истиот начин ѝ возвраќа и на писмото, со една реченица: „Реши се од детето.“

По филмот: кратка анализа на филмот.

Место: Maлата сала од Домот на културата
Време: 19:00h
Влез: Бесплатен

GOLD
To Top