Премиера на македонскиот филм „Ах, љубов моја“ вечерва во Битола - Шеталиште

Новости

Кино

Премиера на македонскиот филм „Ах, љубов моја“ вечерва во Битола

Вечерва со почеток од 20 часот во Центарот за култура Битола ќе се прикаже урнебесната комедија во режија и по сценарио на Коле Ангеловски.

„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пејачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај…

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Датуми на прикажување:

Вторник 02.05.2017 20:00
Среда 03.05.2017 20:00(м.сала)
Четврток 04.05.2017 20:00(м.сала)

 

To Top