Новости

Кино

Светска премиера на „Пирати од Карибите: Одмаздата на Салазар“ во Битола

Фото: 3Д Кино Битола

Синоќа во Битола се одржа светската премиера на најновото продолжение на еден од најголемите филмски хитови во последната деценија,„Пирати од Карибите: Одмаздата на Салазар“.

Премиерата ја посетија вкупно 500 гледачи. Првата проекција на филмот во 20 часот која беше 3Д, ја посетија вкупно 400 посетители, додека втората во 22:30 часот која беше 2Д, имаше стотина гледачи.

Од Центарот за култура за утре најавуваат интересен перформанс на магионичарот Горан Гандини, инспириран од Пиратите од Карибите. Перформансот ќе започне во 19:30 часот пред Центарот за култура.

Капетанот Џек Спероу открива дека лошите ветрови дуваат посилно кога духовите на мртвите пирати, предводени од неговиот стар непријател Капетан Салзар, ќе избега од Ѓаволскиот Триаголник и одлучува да ги убие сите пирати на море… вклучувајќи го и него. Единствената надеж за преживување на капетан Џек е да го пронајде легендарниот трозабец на Посејдон, моќен артефакт кој дава контрола врз морето на оној што го поседува.

Жанр: Авантура, Фантазија

Траење на филмот : 130 минути

Режија: Espen Sandberg, Joachim Rønning

Улоги: Johnny Depp, Kaya Scodelario, Geoffrey Rush, Stephen Graham, Javier Bardem, Orlando Bloom

Возрасна категорија: Трета категорија, 12+

Дистрибутер: 2i Film

Датуми на прикажување:

Четврток 25.05.2017. 20:00 (3D)
Четврток 25.05.2017. 22:15 (2D)
Петок 26.05.2017. 20:00 (3D)
Сабота 27.05.2017. 20:00 (3D)
Недела 28.05.2017. 20:00 (3D)
Понеделник 29.05.2017. 20:00 (3D)
Вторник 30.05.2017. 20:00 (2D)
Среда 31.05.2017. 20:00 (2D)



Цена на влезниците:
  200 денари.

СН Финансии
To Top