ФОТО: Синоќа премиерно се одржа македонскиот филм „Исцелител“ во Битола - Шеталиште

Новости

Кино

ФОТО: Синоќа премиерно се одржа македонскиот филм „Исцелител“ во Битола

Синоќа премиерно се одржа македонскиот филм „Исцелител“ во Домот на културата во Битола на младиот режисер, сценарист и продуцент Ѓорче Ставрески.

Салата беше преполна, а публиката задоволна од одличниот филм во кој уживаа во „црната комедија“ на Ставрески и имаа можност да се запознаат со суровата реалност на „обичниот смртник“, кој излезот од своите секојдневни и здравствени проблеми го бара кај „лажните исцелители“.

Филмот е приказна за младиот Веле, кој ќе украде марихуана од опасни криминалци со цел да му помогне на својот болен татко Саздо, што доведува до многу перипетии и бројни необични и апсурдни ситуации.

Во филмот „Исцелител“ играат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ и Симона Димковска. Директор на фотографија е Дејан Димески.

Имено синоќа во преполната сала присуствуваа главните улоги на филмот „Исцелител“ како и режисерот Ставрески каде беа испратени со грморозни аплаузи.

По македонската премиера „Исцелител“ ќе биде прикажуван во кината низ Македонија.

Во следната галерија погледнете дел од синоќешната атмосфера

To Top