Новости

Кино

Фотогалерија: Одлична премиера на „Убиство во Ориент Експрес“ во Битола

Синоќа во 3Д Кино Битола се одржа премиерата на филмот „Убиство во Ориент Експрес“.

Според продадените влезници, скоро 500 битолчани беа присутни на синоќешната проекција. Овој филм предизвика голем интерес кај битолчани кои ја исполнија салата на Центарот за култура, а салата се полнеше се до самиот почеток на филмот.

Битолчани се докажа дека знаат да препознаат добар филм. Актери од висок калибар собрани на едно место да го изведат едно од најпрепознатливите и најчитаните дела на Агата Кристи. Џони Деп. Мишел Фајфер, Вилјам Дефо, Пенелопе Круз, Џуди Денч…

Маестрална изведба на Кенет Брана, новиот Поаро, но и воедно режисер на филмот.

Возбудливо до крај дури и за оние кои неколку пати ја прочитале книгата, прекрасни пејзажни сцени, одлична актерска игра.

СН Финансии
To Top