Новости

Книга

(Видео) Еве како израелскиот амбасадор Дан Оријан ги развесели децата во битолската библиотека

Вчера во битолската библиотека се одржа промоцијата на промоција на книгата “Кога тато ќе  порасне“ од израелскиот автор – амбасадорот Дан Оријан. За време на промоцијата тој најде одличен начин за да ги забавува децата кои беа присутни на промоцијата и да предизвика насмевки кај нив.

„Кога тато ќе порасне“ е мала, но многу вредна книга, напишана од еден дипломат кој се уште го негува детето во себе, книга за секое дете и секој возрасен. Книга за желбите и соништата.

Книгата е обработена во двд формат чија содржина се раскажува и со знаковен  јазик.

Мултимедијалното цд е одлична можност и за љубителите на книгата кои имаат проблем со видот, читањето им претставува напор, кои од различни причини не се во можност да читаат ( им се тресат рацете, подобро се чувстуваат слушајќи книги, подобро се концентрираат и помнат слушајки книга итн).

Evrotip
Евротип
To Top