Новости

Книга

Книга на неделата: Последниот воз за Истанбул од Ајше Кулин

ОД ИСТАНБУЛ И МАЈСЕЈ, АНКАРА И КАИРО ПА СЕ ДО ПАРИЗ И БЕРЛИН, ОВА Е ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА И БЕГСТВОТО, ИСПРЕПЛЕТЕНА СО ИСТОРИЈАТА НА ЕДЕН ОД НАЈРАЗБРАНУВАНИТЕ ПЕРИОДИ ВО ЕВРОПА….

,,Кога Селва, ќерката на еден од малубројните преостанати отомански паши, се вљуби во Рафаел, младиот Евреин, нејзиното семејство му се противи на бракот и ја отфрла. Решени да започнат нов живот, Селва и Рафаел заминуваат за Франција, меѓутоа, среќата и таму им го врти грбот.Почнува Втората светска војна, а младите љубовници ќе бидат вовлечени во ужасите на Хитлеровата идеологија. Додека нацистичката мрежа се стега околу нив, тие живеат во постојан страв дека ќе бидат фатени и испратени во концентрационен логор. Во исто време Турција и очајнички се обидува да избегне да биде вовлечена во војната, внимателно балансирајќи меѓу силите на Оската и Сојузниците….”

Проткаена со волшебните мириси на Истанбул и мистичната атмосфера на Истокот, ова е приказна посветена на сите обични луѓе, неопеани херои кој заради идеалите ги ризикуваа животите.

Книгата „Последниот воз за Истанбул“ од Ајше Кулин може да ја најдете во НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола.

Evrotip
Евротип
To Top