„Новогодишни детски песни“ - книга од Марина Мијаковска - Шеталиште

Новости

Книга

„Новогодишни детски песни“ – книга од Марина Мијаковска

„Новогодишни детски песни“ е најновата книга на писателката Марина Мијаковска, која е прва книга на Мијаковска наменета за најмладата популација и содржи 40 песни.

– Стихозбирката ги воспева: новогодишниот амбиент и веселите празнични бои во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; Дедо Мраз; Снешко; новогодишната елка, снежниот зимски амбиент, итн. Книгата е повеќенаменска, интерактивна, и ја развива креативноста кај децата, изјави Мијаковска.

Во книгата таа им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишни илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби.

To Top