Новости

Книга

Писателите зборуваат за книгата

Една од активностите предвидени во месецот на книгата – октомври е и средбата на ученици со битолските писатели „Писателите зборуваат за книгата“, со цел учениците да се запознаат со писателите, нивната дејност и творештво, воедно да се мотивираат да ги читаат нивните дела, и самите да пишуваат.

Писателите Панде Манојлов, Елена Ѓорѓиевска Костандиновиќ и Радован П. Цветковски ќе се дружат со учениците од ОУ „Даме Груев“ – Битола и наставничката Нела Неделковска утре 13.10.2017 година  со почеток во 10.30 часот во ОУ „Даме Груев“ – Битола.

Активностите по повод „Месецот на книгата“ се организираат со цел поголема популаризација и афурмација на книгата и творештвото, важноста и значењето на читањето, особено во најраната возраст.

Karmen
To Top