Новости

Книга

Предлог книга: Елиза на единаесет години од Дојна Рушти

Во едно село во близината на Букурешт, доаѓа до вистинска хистерија во моментот кога жителите дознаваат дека Елиза (девојче на 11-годишна возраст) има сифилис. Во текот на обелоденувањето на други случаи на сифилис, девојчето е обвинето дека го заразило, ни повеќе ни помалку, целото село. Постепено, медиумите, властите, родителите и обичните граѓани бараат Елиза да биде казнета, со што таа станува главен општествен непријател. Намуртена и самостојна, Елиза го покажува својот цврст карактер, однесувајќи се како зрел човек. Во Италија книгата ја споредуваат со Чума на Албер Ками.

Оваа книга е дел од новите насловни во НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола.

Студирајте на БАС
To Top