Промоција на книгата “Тајната на нашите корени“ од авторката Весна Илиовска - Шеталиште

Новости

Книга

Промоција на книгата “Тајната на нашите корени“ од авторката Весна Илиовска

Утре со почеток во 14 часот во Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола ќе се одржи промоција на книгата “Тајната на нашите корени“  од авторката Весна Илиовска, а промотор на книгата ќе биде проф. Лилјана Стефановска.

„Оваа книга е сенка на едно време кое одамна поминало, но не не одминало, чекало свој момент да биде прераскажано. Таа е стар аманет оставен од сите генерации кои некогаш биле тука, го изодиле патот на животот и оставиле своја трага во историјата, кон сите сме овде и кои допрва ќе бидат, никогаш да не ги заборават своите корени какви и да се. Се уште не знам во каква авантура се впуштам, ама се надевам дека на крајот, сепак се добро ќе заврши.“

Од авторката Весна Илиовска

To Top