Новости

Книга

Размена на прочитани книги во битолската библиотека

На 8 февруари 2018 година, од 11 часот до 12:30 часот, во просториите на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола ќе се одржи размена на прочитани книги. Секој е добредојден да присуствува.

Единствено е потребно посетителите да си ги земат со себе своите прочитани книги и да ги разменат со книгите на другите посетители. Нека се почитуваат правилата секој да земе онолку книги колку што ќе донесе. Со читателите ќе се разговара за организирање на „Клуб на читатели за млади и возрасни“, во рамките на кој ќе се анализираат различни книги, ќе се дискутира за омилени книги и писатели.

Клубот ќе претставува можност и форма да се сретнат на едно место сите љубители на книгата. Идејата е да им се даде можност на читателите да ги искажат своите мислења, можност за размена на идеи, да научат како се одвива една дискусија, како се дава критички осврт и анализа на дело, да го збогатат нивниот вкус за литература и да развијат комуникациски вештини.

GOLD
To Top