Новости

Книга

Рецитирање љубовна лирика за Денот на вљубените во битолската библиотека

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.климент Охридски“ – Битола  на ден 14.02.2018 (среда) со почеток во 13 часот во просториите на библиотеката, ќе го одбележи  Меѓународениот   ден на подарување на книга и одбележување на денот на вљубените со рецитирање на поетски творби од  македонската љубовна лирика (избор).

На секое прашање ЉУБОВТА е одговор, на секој проблем ЉУБОВТА е одговор, на секоја болест ЉУБОВТА е одговор, на секоја болка ЉУБОВТА е одговор, на секој страв ЉУБОВТА е одговор! ЉУБОВТА секогаш е одговор, затоа што ЉУБОВТА е се што постои !!!

Поетски творби ќе читаат средношколците Божидар Николовски, Сара Ристевска, Анастасија Димовска, Магдалена Јаневска, Теодора Танасовска и Александар Ивановски.

„Љубовта е најубавата работа да се има,

најтешката да се добие,

И најболна да се изгуби“

На крајот на настанот на сите присутни ќе им се поделат боок маркери.

To Top