ФоТО: Писателите им порачаа на децата: Помалку телефони и интернет, повеќе читање книги - Шеталиште

Новости

Книга

ФоТО: Писателите им порачаа на децата: Помалку телефони и интернет, повеќе читање книги

Денеса во ОУ „Даме Груев“ – Битола се одржа една од активностите предвидени во месецот на книгата -средба на ученицте со битолските писатели. Учениците се запознаа со писателите Панде Манојлов, Елена Ѓорѓиевска Костандиновиќ и Радован П. Цветковски.

Децата уживаа на денешната прва средба со писателите. На почетокот на средбата, писателите им раскажаа на децата како тие почнале да пишуваат, нивната желба. Децата потоа имаа можност да поставуваат прашања дали тие фантизираат, што е фантазија, дали со читањето се зголемува фантазијата. Во текот на средбата се разговараше за употребата на интернетот, таблетите и мобилните телефони.

Средбата заврши со пораката многу малку да користат интернет, мобилни телефони и да гледаат малку телевизија и серии. Слободното време да го користат за читање на книги, да ја посетат библиотеката и да станат членови, за родендени да купат книги.

To Top