Новости

Книга

Наместо на интернет – Размена на мислења за книги во битолската библиотека

Денеска во битолската библиотека се одржа првата средба од иницијативата за размена на книги. Единствено за денеска посетителите требаше да си ги земат со себе своите прочитани книги и да ги разменат со книгите на другите посетители. Наредните средби ќе се организираат во вечерните часови или сабота за да можат да присуствуваат и оние кои се работа. Иако досега се разменуваат искуства за прочитани книги на интернет, од битолската библиотека велат дека на овој начин ќе се врати комуникацијата човек со човек.

-Еве веќе подолго време размислуваме како книгата што повеќе да ја доближиме до сите. Забележуваме дека во повеќе категории е потребен поголем напор од наша страна, за да им дадеме на нашите читатели она што го бараат. Ние имаме многу читатели кои читаат одреден тип литература, имаме читатели кои се наши членови и по 40 и 50 години и повеќе, имаме професори, научници, домаќински, пензионери, сите тие категории кои имаа истенчен вкус. Идејата е да се среќаваме во библиотека, да направиме заеднички дружења, да разменуваме книги и да ги подаруваме. Можеме и да ги отуѓиме, но она што е битно, а не разликува од блоговите каде младите разменуваат искуства за книги, ние сакаме во живо. Да имаме жива библиотека, постојано да се среќаваме на одреден период. Денес е прва средба, со оглед на тоа дека се на работа луѓето, ќе треба да се организира во вечерни часови и во сабота. Да позборуваме што е она што ние го предлагаме за читање. Се надеваме оваа акција прво ќе ги зближи луѓето, изјави Јелена Петровска, директор на НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола.

Со читателите се разговараше и за организирање на „Клуб на читатели за млади и возрасни“, во рамките на кој ќе се анализираат различни книги, ќе се дискутира за омилени книги и писатели. Клубот ќе претставува можност и форма да се сретнат на едно место сите љубители на книгата. Идејата е да им се даде можност на читателите да ги искажат своите мислења, можност за размена на идеи, да научат како се одвива една дискусија, како се дава критички осврт и анализа на дело, да го збогатат нивниот вкус за литература и да развијат комуникациски вештини.

To Top