Новости

Настани

ЏЕЗ ФАБРИКА – единствено детско музичко доживување

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб) континуирано ги промовира вредностите на УНЕСКО. Една од најпрепознатливите активности на клубот е одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот.

ЏЕЗ ФАБРИКА е иницијатива која ја поддржува џез музиката како уметност и алатка која го охрабрува дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство и интеркултурното разбирање.

Во тек е реализацијата на музичките работилници за современи музички стилови и џез музика во општина Могила.

Учесници на ова единствено детско музичко доживување се дваесет и три деца на возраст од 7 – 14 години. Едукатор на работилниците е Сашо Поповски- џез музичар Професор на музичката академија на Универзитетот “Гоце Делчев“.

По завршувањето на циклусот работилници го најавуваат музичкиот концерт на бендот Сашо Поповски Трио кој ќе се одржи на 20-ти октомври (петок) со почеток во 13.30 часот на Отворена сцена во Могила.

 За време на концертот децата кои учествуваат во работилницата ќе можат да ја почувствуваат магијата на практикување на музиката во живо и да го заокружат своето креативно музичко доживување.

Оваа иницијатива е еден од успешните начини за градење на квалитетна и едуцирана публика и потсетува дека независно од геогравската локација на индивидуалецот секој има право на уживање во квалитетна и поинаква културна понуда.

Иницијативата е во реализација на МКЦ- Битола во соработка со Локалната самоуправа на општина Могила, поддржана од Министерство за култура на Република Македонија во рамките на програмата Нов културен бран.

Evrotip
Евротип
To Top