Новости

Настани

Божиќен и новогодишен концерт во Битола на Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ”

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со Центарот за култура во Битола, организираат Божиќен и новогодишен концерт, со настап на вокалната група и тамбурашкиот оркестар на Хрватската читална Херцеговац од Р. Хрватска.

Хрватската читална е основана во 1921. Претставува центар на културните настани на општината и регионот. Во рамките на читалната дејствува и аматерскиот театар Пучка сцена, фолклорното друштво, тамбурашкиот оркестар и вокалната група.

Организатори се на повеќе манифестации со долгогодишна традиција и тоа-Златен славеј, фестивал на детска песна основан во 1990, Денови на хрватскиот театар , меѓународен фестивал на аматерскиот театар основан од 1995 година на кој хрватскиот културен центар беше учесник со КИК. Новаци, но исто така повеќе претстави од оваа сцена гостуваа во Битола. Исто така тука е фестивалот на фолклор , настапуваат на сите манифестации во Хрватска, значајни за развој на хрватската традиција и култура. Вокалната група е основана пред 5 години, имаат 13 членови, настапуваат под диригентска палка на Николина Марениќ. Изведуваат песни од хрватските региони, а некои од нив и во придружба на тамбурашкиот оркестар.

МХД и Хрватскиот културен центар Марко Марулиќ, секоја година традиционално го одбележуваат Божиќ, со гостување на ансамбли и групи, од градови од Хрватска или места на балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години колку што постои и МХД. Марко Марулиќ, се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција. Изминатите години во текот на своето над 25 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска.

To Top