Новости

Настани

Во Битола отворена изложба тешка 1200 килограми посветена на австрискиот писател, Роберт Музил

Во рамките на Бит Фест во Битола, на 14 јули беше отворена изложбата посветена на австрискиот книжевник Роберт Музил, насловена „Роберт Музил и Првата светска војна“. Изложбата која ќе биде отворена до 29 јули, тежи 1.200 кг. заедно со панелите, 6 аудио и 6 видео станици. Роберт Музил не е непознато име во македонската библиотечна понуда и книжевна дејност.

„Роберт Музил е многу значаен автор, австриски писател бидејќи пишува едно многу значајно дело кое што е преведено и во Р.Македонија во рамките на проектот „Ѕвездите на светската литература“, а тоа е „Човекот без својства“, и остава длабоки траги во германската јазична литература која што е преведена на многу странски јазици со тоа дело“, изјави Проф. Д-р Валентина Илиева почесен конзул

На овој начин се овозможува зацврстување на контактите со Австрија кои се важни за билатералното разбирање на луѓето, бидејќи културата ги повзрува луѓето, рече на отворањето на изложбата, директорот на дирекцијата за култура во Покраинската Влада на Горна Австрија, Хајндух Крета.

Перформансот е адаптиран на македонски јазик, со превод на текстови и аудио станици, изработени во Штифтер Хаус во Линц и на тој начин, овозможен за прикажување во Македонија, благодарение на Покраинската влада на Горна Австрија и Дирекцијата за култура. Комплетната координација на проектот е од Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола, со поддршка на БИТ ФЕСТ 2017.

Karmen
To Top