Новости

Настани

Во вторник ќе се одржи пијано рецитал на Ана Гацева во Прилеп

Пијано рецитал ќе одржи музичарката Ана Гацева во вторник 31 октомври 2017 од 17 часот во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“. На нејзиното гостување во Прилеп, Гацева ќе се претстави со исклучителен избор на музичка програма која вклучува дела од Дебиси, Равел, Шуман…. Концертот во градот доаѓа по нејзината неодамнешна успешна турнеа во Холандија, каде нејзиниот настап е оценет како моќен, прекрасен и екстремно експресивен.

Гостин на вечерта е Татјана Џорлева.

Ана Гацева работи како редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е автор на книгата „Пијанистички техники во концерти на композитори-изведувачи од светската музичка сцена“.

Во текот на своето усовршување, Гацева соработувала со врвни пијанисти и педагози. Во 2012 година е добитник на високата награда „Георги Божиков“ за најдобар музички изведувач, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.

GOLD
SN Finansii
To Top