Новости

Настани

Голем концерт на Лумановски, Вршкова и Бакревски во Битола

Откако го “кренаа на нозе” Истанбул, со настапот во најреномираната оперска сала „Суреја“ , кларинетистите Исмаил Лумановски и Игор Бакревски и пијанистката Марија Вршкова на 22-ри февруари, ќе одржат концерт и во Центарот за култура во Битола .
Лумановски беше гостин на албумот на Наташа Атлас -Илјадници патишта,
а на светската музичка мапа важи за еден од најдобрите кларинетисти од поновата генерација музичари.
Во 2016 на Златна бубамара на популарноста, ја доби наградата за музички маестро на годината .
Настапот на ова трио Грнета во Битола, е во организација на Битолски весник, кој следниот ден после концертот на манифестацијата Избираме најуспешни битолчани, на Лумановски му ја доделува наградата Ајри Демировски.

-Гостувањето на Исмаил Луменовски и соработката со Центарот за култура не е од сега и тука има одржано повеќе концерти, а овој пат има свои гости- рече Зоран Димовски, директор на Центарот за култура каде што ќе се одржи концертот.- Кога се работи за Исмаил Луменовски, тој направи невиден потег што откажа три концерти договорени во САД и со неговиот менаџер ја прифати поканата- рече директорот на Битолски весник, Менде Младеновски.

Неговите најблиски не ја кријат возбудата што своето милениче ќе го видат во Битола.

– Навистина, јас сум возбуден а не син ми, а тој очекува со нетрпение да дојде во Битола. Моментално е во Истанбул и очекуваме да пристигне, а фамилијата ќе го пречекаме и сакаме да има доста посетители- рече таткото Ремзи Лумановски.

 

За проектот музичарите велат дека е многу интересен и несекојдневен, кој и македонската публика заслужува да го чуе.
Концертот е со почеток од 20 часот.
GOLD
To Top