Новости

Настани

Денеска изложба од Мирјана Крстева Массетти во Прилеп

Во четврток 21.12.2017 во 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ТИ“ од Мирјана Крстева Массетти.

За изложбата: 

-За мене како автор кој е на почетокот во изнаоѓањето на творечката физионимија е од суштествено значење најновите остварувања во областа на сликарството и графиката да ги претставам пред културната јавност во Прилеп, што воедно би претставувало потврда за моите досегашни достигања и поттиг за натамошни продлабочени, автентични и иновативни проникнувања и вообликувања на сопствената уметничка физиономија. Барајќи ја корелацијата меѓу минатото, сегашноста и иднината, трагам по создавање впечатливи композициски структури, од благо геометризирани, квадратно-правоаголани облици или форми (кои се појавуваваат и варираат скоро во секое дело во колористичката игра на полно -празно и меѓусебното преклопување на хроматски и ахроматски тонови) и експресивен линеаризам, (графизам); апликации од стари хартии и текстил. Моето внимание е фокусирано на рамно третирана боја и разните колажни исечоци, кои во меѓусебната коегзистентност создаваат сегмент на слика во слика. Во имагинарен простор, слободно се распоредени мали симболични форми (на сонце, месечина, ѕвезди ..) како и одделни летристички мотиви, често испишани со неразбирлив ракописен јазик (пораки). Овие сликарски атрибути и симболични компоненти, записи, кои носат асоцијативни лирски вибрации, се тука за да му дадат внатрешна, мисловна и поетска смисла на делото.Тежиштето е во личната интенција, на симболичен начин да го претставам својот внатрешен простор, а пораката треба да се одгатнува во контекстот на таинствената знаковна присaтност која рамномерно учествува во градење на структурата на делото.

GOLD
GoldSlot
To Top