Новости

ЕВРОТИП Банер
Настани

Збирка на дробен печат во битолската библиотека

Основна мисија на секоја национална библиотека е да го комплетира, чува, обработува и промовира библиотечниот материјал.

Дробниот печат претставува генерички поим за разновиден библиотечен материјал кој е библиографски неповрзан, но за потребите на обработката, чувањето и користењето е обединет во групи по некои заеднички елементи.

Со години наназад дробниот печат во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола е прибиран, комплетиран и истиот опфаќа – плакати, летоци, проспекти, разгледници, фотографии, адресари, билтени, брошури, именици, каталози и др.

Библиотеката поседува завиден број материјал на дробен печат, кој последниве неколку години рапидно расте. Низ плакати, брошури, покани, флаери, граѓаните на општина Битола и пошироко можат да се потсетат или да дознаат за настаните кои се случувале пред неколку децении, па дури и пред половина век.

Во сочуваниот библиотечен материјал претставено е минатото со различни општествените случувања, фестивали итн  кои се одржале на овие простори и оставиле белег на едно време.

Содржините на дробниот печат се значајни за истражувачите и другите корисници заради својата изворност/оргиналност и документарност.

Во рамките на БИТФЕСТ 2017  година, Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, на ден 09.08.2017 година (среда)  со почеток во 11 часот во просториите на библитеката ќе биде претставена збирката на дробен печат, кој е содржински средена и поставена во витрини и истата ќе претставува постојана поставка на библиотечен материјал – дробен печат.

Karmen
To Top