Новости

Настани

Изложба „Русите во Македонија (1920-1940)“

Во четврток, во 19 часот, на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Битола ќе биде отворена изложбата „Русите во Македонија (1920-1940)“. Истата за отворена ќе ја прогласи Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Г-дин Олег Шчербак.

Постановката го претставува животот на руските имигранти во Македонија и дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти… Во нејзината изработка учествуваа Институтот за националната историја на Македонија и Државниот Архив на Република Македонија.

Изложбата „Русите во Македонија (1920-1940)“ е организирана од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, а ќе биде поставена за сите заинтересирани граѓани од 1-ви до 13-ти март.

GOLD
GoldSlot
To Top