Изложба на објекти од Јулија Манојловска во Прилеп - Шеталиште

Новости

Настани

Изложба на објекти од Јулија Манојловска во Прилеп

Во петок 27.10.2017 во 19.00 часот во ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на објекти од Јулија Манојловска.

За изложбата „Објекти“

Кои се трите основни бои? Кои се твоите основни вредности? Колку пејзажи гледаш во сликите на Мондријан? Ако ги поврзеш основните бои колку нијанси можеш да создадеш? Дали од црвена и жолта боја се создава само портокалова? Ако не беше поврзан со твојата мајка, дали ќе постоеше светот? Како функционира универзумот? Ако овие елипси беа затворени, дали ќе можев да се скријам? Најверојатно да, ама немаше да можам да се поврзам и да создадам нешто .

Уметничкото дело мора да биде произведено, изградено. Потребно е да сесоздаде што е можно по објективна претстава за обликот и односот.

Пит Мондријан

Една иста форма на елипса, огледала, трите основни бои, црвена, сина и жолта и идејата за невидливото. Трите основни бои се поврзуваат и ги создаваат секундарните бои. Ако преку топчести клопчиња се претставени основните духовни вредности и дисперзијата на светлината, тогаш овој концепт е далеку од совршен. Напротив, тој е интимен и комлексен концепт за постоењето, за бесконечноста, за застоеното а најбитното. Објекти се дела кои потсетуваат и опоменуваат дека точката ОД која започнуваме е истата точка ВО која завршуваме.

Во овој случај огледалото не е тоа што ја „одбива„ светлината од основните бои, тоа ги складира во форма на елипса и ги претвора во нешто што го пробива материјалниот простор и излегува од рамката.

Објектите се внимателно поставени во овие околности. Тие се транспарентни и кршливи, но сепак го огранучуваат просторот во кој нешто се случува. Нивната функција е да бидат само аспекти на набљудување на поврзувањето на најчистите бои, како ослободена сетилна, а пред се ликовна сензација.

To Top