Новости

Настани

ПичПрич во Битола

Ви ја откриваме првата раскажувачка што ќе настапува во Битола.

Фатма Бајрам Аземовска, натурализирана Битолчанка, работи во библиотеката „Св.Климент Охридски“ – Битола, а исто така е претседателка на Здружението за развој на Ромската заедница „Сумнал“.

Себеси се опишува како Скопјанка која љубовта ја донела да живее во Битола, и иако ужива во животот во Битола, понекогаш и недостига динамичноста на Скопје.

Каква приказна ќе ни раскаже Фатма на тема „Кога си бев малечка“, останува да видиме во сабота, 16 декември во 20:00 часот, Народен Театар Битола.

СН Финансии
To Top