Новости

Настани

Работилници во битолската библиотека по повод Денот на човековите права

Француската Алијанса од Битола, Француската амбасада, Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и правниот факултет Кичево по повод денот на човековите права организираа работилници за ученици од основните училишта од Битола кои се одржаа денеска во битолската библиотека.

Целта на работилниците e запознавање со човековите права, но и да се подигне нивната свест за правото на живеење во здрава средина, право на чист воздух како и сочувување и почитување на природата. Исто така како еден од човековите права беше застапен и правото на не-дискриминација.

Од денеска до крајот на неделата поставена е ликовна изложба од ликовниот натпревар на тема- Право на живеење во здрава средина и не-дискриминација.

СН Финансии
To Top