Новости

ЕВРОТИП Банер
Битола инфо

Спој меѓу дипломатијата и љубовта кон фотографијата – невообичаена изложба на француски дипломат во Битола

Во Магазата во Битола денеска се отвори една необична и интересна изложба на фотографии во црно-бела техника кои го пренесуваат животот на народите кои живеат во Долината на реката Омо, на границата со Етиопија, Јужен Судан и Кенија. Фотографиите се направени од сегашниот први советник во Амбасадата на Франција, Доминик Готје, кој зад себе има четиридецениско дипломатско искуство. Различните локации на кои имал можност да престојува ги искомбинира со љубовта кон фотографијата.

Необичната изложба се состои од 70 портрети на жени, мажи и деца од овие народи кои живеат во Долината на реката Омо, изработени за време на две мисии во оваа оддалечена област, во 2006 и 2007 година, паралелно со обавувањето на неговата функција во Амбасадата на Франција во Адис Абеба.

Овие народи се познати по својата убавина и по тоа што ја негуваат телесната уметност (слики на тело, необични фризури, облека и други орнаменти). Исто така, таму живеат импресивните жени со истегнати усни од народот Мурси чиишто мажи се занимаваат со овчарство. Но тие се и прекалени воини и се сметааат всушност за последните голи воини во Африка.

Готје е дипломат со богата кариера кој што за време на неговите поегзотични мисии во Африка, конкретно во југозападна Етиопија близу до Кенија и Судан имаше  можност да се сретне со овие малку поразлични цивилизации и народи и да ги пренесе во црно-бела техника.

-Јас сум еден дипломат со богато 41-годишно искуство, пред се сум дипломат, но од моите најрани денови мојата пасија беше фотографијата. Благодарение на првичната профеција – дипломатијата, имав можност многу да патувам, да си ја нахранам својата пасија и да донесам многу фотографии од секаде во светот. Но годините кои ги поминав во Етиопија, од 2004-2008 година ми овозможија да ги донесам најинтересните фотографии и кои се различно од туристите кои го носат од тие земји. Кенија е многу интересна и богата земја, но на нејзиниот краен југ постои племе кое е многу интересно. Пред овие племиња да ги голтне современата цивилизација, јас сакав да одам таму да направам две патувања, за да донесам фотографии кои во нареден период нема да биде можно да се донесат оттаму. Овие племиња не се само етнографски значајни, туку и естетски. Ова се племиња за кои убавината претставува култ. Тоа не се само најубавите жени кои може да се сретнат во Африка, туку тие припаѓаат заедно со своите мажи во оние племиња кои најубаво можат да го украсат сопственото тело. Ова денес што го прзентирам не е само егзотична авантура, туку естетско патување што можев да го донесам. И покрај тоа што постојат различни начини за толкување на фотографиите, можеби ќе ја почуствувате извесното соучесништво кое го имаа кон мене додека ги фотографирав, погледот кон мене, изјави авторот на изложбата, Доминик Готје.

Авторот на изложбата Доминик Готје

Изложбата „Народите од Долината Омо“ ќе биде отворена до 24 јули.

Изложбата е организирана од Амбасадата на Репубика Фрација во Скопје и Францускиот конзулат од Битола.

Karmen
To Top