Новости

Настани

Утре изложба на Кристина Битракова во Прилеп

Во четврток 7.12. 2017 од 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективната изложба „Доживување“ од уметницата Кристина Битракова.

За изложбата

Секој од нас дејствувањето на живиот свет околу нас го доживува на различен начин.Обично тоа го правиме со претпазливост, скептицизам или некаква призма т.е. “Доживување“.Меѓутоа во битието на човекот е да тежнее кон слобода, односно тежнение кон светлината како неизбежен фактор на се што се раѓа, живее, постои…..така настапува ослободување, ослободување од стравот за осознавање на самиот себе и светот што го гледаме низ нашето “Доживување“.Исконски и осмислено, определено и творечки, водени од слободата на духот, луѓето граделе и создавале од доживеаното – доживувачко, ја расчленувале вистината, потоа ја обединувале со ритамот на сериозниот живот, никогаш не губејќи ја животноста, храброста и ведрината кои подразбирале најголемо богатство на луѓето и нивната култура. Наследството, значи не е завршен резултат и не бара посебно почитување или восхитување, туку напротив, во единствениот тек со секое идно време ги поттикнува понатамошните случувања, менувајќи ја така повторно сликата за светот. Материјализираниот осмислен простор поттикнува сега и понатаму и повторно бара движење, а тоа се манифестира во секојдневниот живот на човекот.Човекот е живот и тој ги реализира сопствените вредности. Во просторното творештво, формата е синтеза за животната рамнотежа.

To Top