Новости

Театар

Претставата „Битола Прилеп прекутрупа“ одложена за на 19 Јули – Среда во Центарот за култура Биола!

На 19 Јули во Центарот за култура во Битола, театарот Бумеранг ќе ја одигра својата претстава „Битола Прилеп прекутрупа“. Интересна и забавна комедија која ќе ве насмее до солзи и ќе разигра нешто во вас, потсетувајќи не токму на она што сме. На тоа какви сме ние Македонците, како бумерангот, со кружна тракеторија, каде и да не пуштиш повторно се враќаме назад.

Урнебесна комедија која преку ликовите на мисс Виолета (Елена Трпковска), мр. Џими (Мише Автаровски) и мр Јордан од Тополчани (Љупчо Крстевски) ќе видиме една необична, а истовремено и толку обична и секојдневна македонска и балканска приказна каде би се пронашол секој од нас. На нивната годишнина од бракот двајцата сопружници, (кои некогаш заминале од Македонија и сега живеат во Сиднеј, Австралија), решаваат да ја прослават оваа ноќ назад во Македонија. Се сместуваат во Скопје, во хотелот Пелистер. Опкружени со историско културни објекти, патриотското чувство е неизбежен детал кое ги води низ банални конфликти во текот на целата драма. Мисис Виолета е по потекло од Прилеп, а нејзиниот сопруг мистер Џими е по потекло од Битола. Се препукуваат за територијални прашања, за различни вкусови, за тоа кој град е подобар во својот амбиент,стил и традиција. Се расправаат за своите деца, за тоа како се воспитани, се сомневаат во својата верност и така во круг се дури не го прочешлаат целиот свој живот во една ноќ. Цел life во една night.

Претставата се одигра низ многу градови во Македонија и имаше полни сали со задоволна и насмеана фантастична публика. Се планираат и турнеи низ Америка и Австралија. пред да го заобиколи светот, дојдете и уживајте во летна атмосфера под отворено небо на најурнебесната комедија „Битола Прилеп прекутрупа“.

Центар за култура 19 Јули – Среда 20:оо часот. Цена на картите – само 100 денари.

СН Финансии
To Top