Новости

Театар

Битолскиот Подвижен музички театар ќе гостува во Националниот театар во Белград

Битолскиот Подвижен музички театар (Music Moving Theatre) чиј основач и композиторот Марјан Нечак на 18 ноември ќе гостува во Националниот театар во Белград каде ќе биде изведена моно-операта „Дневникот на лудиот“.

Битолчанецот Марјан Нечак е режисер и композитор на оваа моноопера во која настапува хрватскиот актер Озрен Грабариќ.

– Монооперата „Дневникот на лудиот“ со несмален интензитет гостува на сцените на Балканот и во Европа. Претстојното викенд гостување во Белград е значајно затоа што токму во Националниот театар, на авторскиот тим ќе му бидат врачени три награди освоени од неодамнешните настапи на Земунскиот фестивал каде монооперата беше прогласена за најдобра претстава од публиката, а од жирито награда за најдобра монодрама, а награда за најдобра претстава добивме и на фестивал во Бечеј. Во Белград патуваме со одлична критика на тамошните театарски критичари, и според најавите, ќе настапиме монооперата „Дневникот на лудиот“ ќе ја следи бројна публика, изјави за МИА, композиторот Марјан Нечак, основач на Music Moving Theatre-Битола.

Делото на Гогољ, „Дневникот на лудиот“ како моноопера за прв пат беше изведено на 10 јуни 2015 година во Битола.

СН Финансии
To Top