Битолскиот театар вечерва на МОТ - Шеталиште

Новости

Театар

Битолскиот театар вечерва на МОТ

На програмата на четвртиот фестивалски ден на 42. Млад отворен театар Скопје денеска е претставата на Народниот театар Битола „Доктор Фауст“ во режија на Андраш Урбан која од 22 часот ќе биде изведена во Македонската опера и балет.

– Познатиот режисерски ракопис на Андраш Урбан – соголен, суров и сиров приказ на тематиката што ја презентира и текстот на Кристофер Марлоу – посветен на борбата на еден човек со неговите граници и потрагата по знаење, заедно со ансамблот на Битолскиот театар, прават претстава што е важна за македонската театарска практика. Ова е претстава, која специфичната просторна естетика на режисерот ја пренесува како потенцијално поле за соочување на еден човек со себеси и своите и туѓи морални вертикали. Искрена, брутална, сурова, но истовремено длабоко човечка претстава, која публиката ја прави свој член во тимот и учесник во процесот, претстава што поставува и одговара на многу прашања што го мачат современиот човек, пишува МОТ во најавата за „Доктор Фауст“.

To Top