Битолските актери ја подготвуваат најновата премиера – „Сон на летната ноќ“ од Шекспир

Народниот театар Битола деновиве е во интензивни подготовки. Во тек е подготовката на 8- та премиера „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на режисерот од Калифорнија , Џон Блондел .
Претставата премиерно ќе се прикаже на матичната сцена на 31.07.2017, а на 05.08.2017 ќе биде премиера на Охридско лето 2017.
Националната установа Народен театар Битола од јануари до јуни има реализирано 7 премиери, прикажани се 112 претстави и број на публика што ги погледала претставите се 11 915.
Јули покрај редовниот репертоар, се одржа и јубилејниот 5-ти Битола Шекспир Фестивал.
