Новости

Театар

(Видео) Битолскиот театар со „Крвави свадби“ ќе го одбележи 73-от роденден

Со претставата „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓоргиевски утре на сцената на битолскиот театар ќе се одбележи 73-от роденден на оваа установа.

-„Крвави свадби“ е еден од најзначајните драмски текстови на 20-от век. Таа драма и денеска е непресушна инспирација и живее на многу театарски сцени ширум светот. Неа Лорка ја напишал според вистински настан кој го прочитал во весник неколку години порано, вели за претставата режисерот Ѓоргиевски.

Инаку, Битолскиот народен театар е основан на 14 ноември 1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“. Првите членови и основачи на театарот биле: Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.[1] Од 1980 година, театарот работи во нов објект.

GOLD
SN Finansii
To Top