Новости

Театар

Детето кое не сакаше да чита – претстава која расположува, но и едуцира

Вчера во НУУБ „Свети Климент Охридски“ беше одиграна театарска претстава за деца „Детето кое не сакаше да чита“. Целта на претставата е да ги мотивира децата повеќе да читаат и кај нив да ја развие љубовта кон читањето.

 

„Детето кое не сакаше да чита“ е аеднички проект на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и драмското студио ART & MEDIA и е во рамки на БИТФЕСТ 2017. Во претставата играа деца, актери од драмското студио, во која доаѓа до израз нивниот талент, креативност и амбициозност, а нивната игра се граничи со врвна професионалност.

„ДЕТЕТО КОЕ НЕ САКАШЕ ДА ЧИТА“ е текст адаптација од авторско дело на српската писателка Јасминка Петровиќ.  Оригиналниот наслов е „Како постати и остати глуп!“ – лесна, забавна поучна содржина со хумористични елементи. Глaвниот лик има голема аверзија кон книгите и читањето, но да се спаси од секојдневните притисоци на родителите, мудро се крие во библиотека. Таму доаѓаат секакви деца, воспитани и помалку воспитани, кои читат повеќе или помалку , а има и такви кои се зависници од интернетот, но кај сите тие деца љубовта кон книгите, читањето не е прекината. Детето што не сака да чита, им одвлекува внимание на сите, тие се изненадени од неговото размислување и став кон книгите. Децата се шегуваат, се подбиваат со него, но детето и покрај се, стои цврсто на неговиот став, се додека во еден момент не влезе во библиотека мајката на детето. Присутните деца забележувајќи ја вознемиреноста на мајката одлучуваат да „скројат“ план со кој ќе го поттикнат детето да чита и да ја сфати вредноста од читањето. Планот им успева, а детето го доживува чувството на восхит и почит од останатите кога тоа покажува знаење. На крај, детето им признава на сите дека грешел и им ветува дека ќе се промени, затоа што „Читањето книги е како да патуваш со отворени очи!“

 
Студирајте на БАС
To Top