Новости

Театар

Комедијата „Битола Прилеп прекутрупа“ ги исполни очекувањата на публиката!

Во Средата во Центарот за култура во Битола беше одржана претставата „Битола Прилеп прекутрупа“. Тетарот Бумеранг ги исполни очекувањата на публиката која со громогласен аплауз ги награди актерите.

Урнебесната комедија изнуди многу насмевки кај секој еден од битолските обожаватели на театарската уметност, раскажувајќи за една вистинита македонска и балканска приказна во која се пронајде секој од нас.

– Уживањето беше обострано – велат актерите – а битолската публика е најголем репер за да се потврди успехот за една претстава – додаваат тие.

Тетарот Бумеранг со оваа претстава веќе заобиколи неколку градови во Македонија, а во тек е и премиерно прикажување на истата во Австралија и Америка.

Студирајте на БАС
To Top