Новости

Театар

„Коцкар“ од Достоевски – најновата премиера на битолскиот театар

Народен театар Битола се подготвува за најновата премиера „Коцкар“ од Достоевски во режија на Дејан Пројковски.

„Секогаш е огромна привилегија и одговорност човек да се зафати со делото на Достоевски. Овој театар досега неколку пати низ годините како никој друг театар во земјата се зафатил со делата на Достоевски и секогаш успешно. Постои капацитет и актерски и луѓе кои ја творат целосната слика од сценографи, костимографи, режисери. Овој роман на Достоевски иако мал, зазема доста значајно место во неговот творештво. Во романот се проткајуваат три основни линии, по мое видување. Страта кон коцкањето, третманот кон љубовта и третманот на Русите кои жеват во странсво и односот на Европа кон славјанските народи, ако сакате земено конткретно и кон нас Македонците. Претставата изобилува со актерска енергија прикажана низ центрифугалната сила на рулетот,“ изјави денеска директорот на Народен Театар Битола, Иван Јерчиќ за најновата премиера.

Претставата ја режира Дејан Пројковски, еден од најзначајните режисери на Балканот чии театарски почетоци се на штиците во битолскиот театар.

„Достоевски е секогаш голем предизвик кога се работи бидејќи мислам дека целокупниот човечки универзум е сместен во делата на Достоевски. „Коцкар“ е едно од делата кое доста често се поставува во театарите, едно од делата кое е провокативно за театарските автори. Нашата претстава зборуа за коцкањето, за страста која што всушност е само едно вртење на рулетот и може човек да го направи некој друг. Секое вртење на рулетот има повторен и повторен обид, да се избега од сопствената кожа, да бидат некој друг. Во еден момент тој рулет почнува да наликува на едно вртење со кое што ликовите почнуваат да паѓаат надолу во пеколот, рулетот е како влезот во круговите на пеколот на Данте,“ изјави режисерот Дејан Пројковски.

„Коцкар„ -Ф.М.Достоевски
режија: Дејан Пројковски
сценски движења:Олга Панго
сценограф:Валентин Светозарев
костимограф: Благој Мицевски
композитор: Горан Трајковски
превод: Оливера Павловиќ
светло: Илија Димовски
Игор Мицевски
ЛИЦА:
Алексеј Иванович -Огнен Дранговски
Полина Александрова-Илина Чоревска
Антонида Василевска-Јоана Поповска
Генерал Загорјански-Митко С. Апостоловски
Марија Филиповна-Сандра Грибовска
Бланж Де Комнеж-Катерина Аневска Дранговска
Мадам Комнеж-Елена Моше
Маркиз Де Грие -Николче Пројчевски
Господин Естаи-Марјан Ѓорѓиевски
Потапич-Петар Мирчевски
Марфа -Соња Ошавкова
Алберт- Петар Спировски
Баронот Вурмелгем -Александар Димитровски
Демонски суштества -Никола Стефанов
Анастазиа Христовска
Благој Јовановски

инспициент: Митко Ивановски
суфлер :Гордана Михајловска

GOLD
To Top