Новости

Театар

Одличен старт на годината за Народен театар Битола

Во Битолскиот народен театар, денеска, на 12 јануари ќе биде одиграна претставата „Дупло дно“, работена по култниот текст на Горан Стефановски, а во режија на Ангелчо Илиевски, додека пак на 15 и 16 јануари со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Кралски игри“ работена по текст на Григориј Горин, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.

На 17 јануари публиката во Битола ќе може да ја проследи комично – шокантната претстава „Грилпарцер во секс шоп“ на режисерот Јован Ристовски, работена според делото на современиот австриски драмски писател Питер Турини. На новата сцена на Театарот во Битола  на 18 јануари ќе биде изведена претставата „Грета од Фауст“ во режија на Димче Николовски, а на 22 и 23 јануари лирско -љубовната трагедија „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.

GOLD
To Top