Новости

Спорт

Коби Брајант доби Оскар

Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс Коби Брајант е добитник на филмската награда Оскар за анимиранот филм „Драга кошарко (Dear Bsketball)“, во кој ја опиша својата кариера.

„Ние како кошаркари би требало само да дрибламе и да шутираме, но мене ми е драго што правиме и некакви други работи“, рекол Брајант по добивањето на наградата.

Филмот во кој Брајант ја опишува кариерата е анимиран, трае пет минути, кошаркарот е продуцент и наратор во филмот.

Со добивањето на филмската награда Брајант само ја надополни ризницата на трофеи кои ги освои како играч.

За 20 години во ЛА Лејкерс тој стана петкратен НБА шампион, бил најдобар играч во сезоната 2007/2008, два пати бил најдобар стрелец во лигата и МВП на финалната серија.

 

 

 

 

 

Извор: denar.mk

GOLD
GoldSlot
To Top