Новости

Спорт

Нејмар горд на соиграчите

ПСЖ два пати загуби од мадридски Реал со што ги заврши настапите во Лигата на шампионите. Елиминацијата во осмина-финалето во Лигата на шампионите е доволна сезоната во ПСЖ да биде прогласена за неуспешна.

Катарските сопственици вложуваат многу пари, целта е да се освои Лигата на шампионите, но ПСЖ најчесто патот во ова натпреварување го завршува во осмина-финалето.

За да стигнат до овој пехар, летото газдите вложија рекордни 222 милиони евра за да го донесат Нејмар, но Бразилецот поради повреда го пропушти не само овој натпревар туку нема да биде во тимот и за сите други натпревари до крјаот на сезоната.

Јавноста со нетрпение го чекаше неговиот коментар по натпреварот на „Паркот на принцовите“ кој со 2:1 му припадна на Реал.

„Тажен сум поради поразот, а уште потажен сум бидејќи не можев да бидам на теренот за да им помогнам на соиграчите. Сепак горд сум бидејќи гинеа по теренот. Им честитам на сите“, со пораката „Напред Париз (Allez Paris).

Извор: denar. mk

GOLD
GoldSlot
To Top