Новости

Фудбал

Јакимоска: Изградбата на прилепскиот стадион е во застој поради грешка во проектирањето

На денешната прес конференција на ФК Победа в.д претседателот Ирена Јакимоска ги истакна причините за доцнењето со изградбата и реконструкцијата на теренот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

До стартот на новата сезона ќе се заврши теренот и електричната енергија со што ФК Победа ќе може повторно да игра во Прилеп.

– Суштината на проблемот не е во ФФМ, како што беше досега кажувано. Јас не сакам да кажувам нешто без факти. Ова е проблем и за ФФМ бидејќи од сите 5 проекти за кои што таа добила средства од УЕФА, само нашиот проект не е завршен и автоматски со тоа се предизвикува пречка за да тие не можат во иднина да аплицираат за нови проекти до УЕФА за да можат да градат и понатаму бидејќи овој проект не е затворен. Суштината на проблемот е во тоа што во одобрението за градба агрегатот за струја е поставен во место каде веќе има постоечки објект. Она што Градоначалникот Илија Јованоски го вети заедно со неговиот тим, е дека ќе се направи промена на планот на целиот проект, надзорот од ФФМ веќе е дојден, и се надевам дека заедно со одделнието за урбанизам при Општина Прилеп за брзо време ќе најдат соодветно решение за проблемот и ќе се продолжи со изградба на стадионот. На тој начин стадионот во поглед на теренот и електричната енергија ќе бидат завршени до стартот на новата сезона затоа што наша цел е Победа повторно да започне да игра во Прилеп. Со тоа очекуваме не само што стадионот ќе ни го овозможи 13-тиот играч-публиката, туку задоволството од гледањето на фудбалот може да донесе дополнителни начини за приход како на Општината така и на клубот, истакна Јакимоска. 

GOLD
To Top