Новости

Фудбал

Јаневски: Ако играме храбро, имаме шанси против Розенборг

Фудбалерите на Вардар се пред последниот натпревар во Лигата на Европа за оваа сезона. Во Скопје утре гостува норвешкиот шампион Розенборг, а тренерот на тимот Чедомир Јаневски, посакува достојно завршување на оваа дебитантска сезона на Вардар во Лига Европа.

Вардар е единствениот тим во Лигата на Европа кој нема освоено бод, но напите играчи поскауваат позитивен резултат пред домашната публика и достојно простување од историскиот настап во ова европско клупско натпреварување.

„Пред нас е последниот натпревар во Лига европа. Од сите одиграни натпревари треба да собереме искуство, ние видовме како е да се игра во Лигата на Европа за првпат, и стручниот штаб и фудбалери. Посакувам овој настап да ни биде мотив за понатаму, повторно да се пласираме во европско натпреварување. Сакаме да ги освоиме првите бодовите, затоа што гледаме и резултатски. На трите гостувања бевме блиску до бодови, посебно на гостувањата кај Розенборг и Зенит. Тоа би го направиле само со добар пристап и верба во своите квалитети. Играме пред нашата публика, не ги одигравме првите два натпревари на ниво. Високите порази не болат, но сега сакаме да бидеме подобри против Розенборг.“, изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.Стратегот на Вардар има многу прблеми со составот на екипата поради повредените играчи, но сепак ветува дека играчите ќе се обидат да дадат се од себе и да извлечат поволен резултат.

 

Натпреварот меѓу Вардар и Розенборг се игра утре (четврток) од 21.05 часот. Претходниот дуел одигран во Трондхајм заврши со победа на домашната екипа со 3-1.

To Top