Новости

Фудбал

Андер Херера и Габи ризикуваат затворска казна заради наместени натпревари

Шпанското обвинителство веќе со години води истрага околу наместениот натпревар од Ла Лига од 2001 година во кој се сретнаа Реал Сарагоса и Леванте.

Сарагоса мораше да го добие тој натпревар за да остане во лигата. Наводно неколку играчи одлучиле да го наместат натпреварот за нивниот тим да обезбеди опстанок. По крајот на 90 минути Сарагоса го добила натпреварот со 2-1.

Неколку години подоцна е покрената голема истрага. Таа трае и денес, а обвинителството ги објави и имињата на осомничените за местење на натпревар.

Меѓу нив се и денешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, Андер Херера и Габи Фернандез. Тие во тоа време го носеа дресот на Сарагоса и наводно директно се вклучени во местењето на натпреварот.

GOLD
To Top