Новости

Фудбал

Андре Гомез заминува од Барселона ова лето

Барселона ќе го продаде играчот од средниот ред Андре Гомес. Како што извести весникот „АС“, Португалецот не го покажал квалитетот за кој беше доведен на „Камп Ноу“ и клупското раководство веќе добило назнаки од менаџерскиот тим дека треба да му најде нов клуб.

Гомес можеше да ја напушти Барселона и минатото лето, но тогаш Каталонците не сакаа да продаваат бидејќи не успеаја да го купат Кутињо. Новиот тренер Валверде не виде потенцијал во Гомес и тој скоро и да не е во неговите планови цела сезона.

Гомез се пресели во Барселона од Валенсија во летото 2016 година за 35 милиони евра.

GOLD
To Top