Новости

Фудбал

Баерн го враќа Перишиќ во Бундеслигата

Интер на крајот на сезоната може да се раздели со двајцата хрватски репрезентативци.

Откако Баерн Минхен потврди дека на лето нема да ги обнови договорите на Робен и Робери, веднаш почна да се шпекулира со нивните евентуални замени, а прва мета на Баварците е токму Иван Перишиќ.

Германските медиуми тврдат дека Перишиќ би бил идеална замена за Рибери, особено поради фактот што добро ја познава лигата и германскиот јазик од времето кога настапуваше за Борусија Дортмунд и Волфсбург.

Покрај Перишиќ, на излезна врата од „Џуземе Меаца“ е и Марсело Брозовиќ. Тој беше на чекор од трансфер во Севиља во зимскиот преоден рок, но сепак остана во Милано.

Следната сезона би можел да заврши во Премиер лигата бидејќи за него силен интерес покажува Евертон.

GOLD
SN Finansii
To Top