Новости

Фудбал

Бака: Милан уште живее на стара слава

Карлос Бака смета дека италијанскиот гигант Милан „предолго живее на стара слава“ и дека нема да се најдат лесно решенија на проблемите кои ги имаат.

Бака од 2015 до 2017 година играше за „росонерите“, но во интервју за „Марка Колумбија“, не го цени времето поминато во црвено-црниот дрес многу високо.

„Милан не беше чекор назад во мојата кариера, но тоа не беше Милан кој го знаеме од историјата. Не можеш да живееш само од историја, а Милан одамна не е меѓу најдобрите. Отидов таму поради историјата, но наидов на многу непријатни изненадувања“, вели Бака.

Милан неодамн го отпушти Винченцо Монтела и на негово место го донесе Џенаро Гатузо, но тоа не донесе најдобри резултати и драстичен пресврт во формата и покрај тоа што во текот на летото беа потрошени над 100 милиони евра за засилувања.

 

To Top