Новости

Фудбал

Балардини: Не бев фер со Пандев додека го водев Лацио

Џенова успеа да оствари уште една исклучително важна победа во борбата за опстанок на гостувањето во Верона кај екипата на Киево, а како и на гостувањето во Рим, клучен гол во судиското надополнување постигна Уругваецот Лаксалт кој заедно со нашиот Горан Пандев е играч кој посебно се истакнува со своите изданија.

„Јас сум должник на Пандев веќе цели седум или осум години. Бев толку глупав со Пандев за тоа што воопшто не го селектирав во тимот на Лацио. Сега, конечно, уживам со него во Џенова“, порачува Балардини кој во тоа време беше тренер на Лацио и за да не влегува во војна со претседателот Лотито, го игнорираше нашиот напаѓач.

GOLD
To Top