Новости

Фудбал

Балардини е нов тренер на Џенова, Јуриќ блиску до клупата на Хајдук

По поразот од градскиот ривал Сампдорија, челниците на Џенова го отпуштија тренерот Иван Јуриќ. Четириесет и две годишниот Јуриќ по втор пат годинава е сменет од тренерската функција во тимот за кој настапува и нашиот репрезентативец Горан Пандев.

Првиот пат Хрватот доби отказ во февруари оваа година, а откако по шест натпревари беше сменет Андреа Мандорлини тој повторно да се врати на клупата.

Јуриќ вчера по поразот од Сампдорија со 2-0 повторно е сменет откако клубот во досегашниот тек од сезоната освои само шест бода и се наоѓа на 18 место во Серија А. Негов наследник е Давиде Балардини.

Се шпекулира дека Јуриќ нема долго да остане без ангажман, бидејќи се споменува како најсериозен кандидат за нов тренер на сплитски Хајдук.

Студирајте на БАС
To Top