Новости

Фудбал

Балардини ќе му даде шанса на Пандев од стартот против Аталанта

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по доаѓањето на Балардини на кормилото на Џенова го врати првотимскиот статус, а така веројатно ќе биде и на утрешниот меч со Аталанта во дуелот од Серија А лигата. Како што прогнозираат италијанските медиуми, Пандев и на утрешниот меч на „Мараси“ ќе биде прв избор на Балардини за нападот, за сметка на Лападула, кој ќе остане на клупата за резерви.

Џенова со голот на Пандев на последното гостување кај Верона однесе победа, а со тоа и довербата во настапот на нашиот голгетер кај Балардини порасна. Под водство на новиот стратег, Џенова има две победи и едно реми на последните три меча и се надева на нови бодови на дуелот утре.

GOLD
To Top